Коринтијанс синоќа беше поразен со 2-1 дома од Фламенго во 25-то коло од бразилската Серија А, а трагична фигура беше Алберто, кој го изведе најлошиот пенал што сме го виделе во последните години на фудбалската сцена.
Алберто се посрамоти за сите времиња на почетокот на натпреварот кога домашните успеаја да добијат пенал, и тој реши да ја преземе одговорноста.
Алберто сметаше дека е одличен момент да изведе паненка, но тоа се покажа како целосен неуспех. Фудбалерот на Коринтијанс шутираше очајно бидејќи топката едвај стигна до голманот на гостите, кој лесно ја фати во рацете и го одбрани пеналот.
Многумина сметаат дека ова е една од најлошите паненки досега, а можете да ГЛЕДАТЕ како Јури Алберто се посрамоти ТУКА.
Yuri Alberto penalty miss against Flamengo ’14
byu/sayonaraooshiete insoccer