Како што и беше најавено. Како репрезентативец на Србија не сакаше да дава изјави за медиумите, но како член на Денвер во пресрет на стартот на новата НБА сезона, на медија денот, тој мораше да одговара на новинарски прашања.
Првото секако дека беше она дали останува во Денвер Нагетс, односно какви му се плановите за во иднина ако се знае дека сеуште го нема потпишано новиот договор:
“Не размислувам на таа тема. Тоа си доаѓа природно, но знам дека моите планови се, а и посакувам, засекогаш да играм за Денвер. Пред мене е 11-тата сезона во НБА. Кога дојдов тука целта ми беше да останам што подолго, и мислам дека пронајдов начин како да го сторам тоа. На почетокот се беше толку брзо за мене, гледав како забиваат играчите, како играат, но тоа време помина“истакна најдобриот кошаркар во светот.