Денеска завршува осмата етапа од овогодинешниот ПМФЛ шампионат, а во попладневниот термин од 15:00 часот се среќаваат екипите на Башкими и Вардар односно Струга ТЛ и Пелистер.
Во Куманово пред преполната трибина, домаќинот му создава проблеми на Вардар кој што не успеа во првиот дел да реализира. Азер Омерагиќ имаше добра ситуација кога од свртување биеше силно, но сантиметри над гредата, а по неколку минути и по нафрлувањето од лево со глава.
Од друга страна пак, домаќинот ја имаше зицер ситуацијата, кога од слободниот удар на Вардар излезе сериозна контра на Башкими. Марко Симоновски излезе очи во очи со Талески, но овој супер брани и спасува чист гол.
Стрига ТЛ и покрај фаворитската улога и домашниот терен сеуште има само 0:0 на дуелот против Пелистер.