Несакан момент во второто полувреме во Куманово на средбата меѓу Башкими и Вардар. Имено еден домашен фан, подоцна се испостави дека е речиси дете и се вика Ноар, падна од трибинатана терен. Веднаш му беше укажана прва помош и беше пренесен во кумановската болница.
За среќа Ноар е добро, надвор од животна опасност а по тој повод се огласи и раководството на Башкими на своите социјални мрежи.
„Драги родители, навивачи и пријатели на клубот,
За време на денешниот натпревар против „Вардар“ се случи инцидент со еден од нашите мали навивачи, Ноарин. За среќа, по непосредната интервенција на родителите и медицинскиот персонал, неговото здравје е одлично и е надвор од животна опасност.
Ноа е добро и ја добива целата потребна грижа. Им благодариме на сите што изразија загриженост и солидарност.
Со почит“.
Секако дека најважно е дека Ноар е добро.