Потврдено: Кари и Вориорс добиваат шампионско засилување

41

Нов играч на Голден Стејт Вориорс ќе стане искусниот Ал Хорфорд (39), тврди ЕСПН.

„Слободниот агент Ал Хорфорд се обврза на повеќегодишен договор со Голден Стејт Вориорс“, потврди агентот на играчот Џејсон Глушон за ESPN.

Хорфорд ги помина последните седум од своите девет години во Бостон, со кого ја освои титулата во 2024 година, првата и единствена во неговата кариера.

Во новиот тим, тој треба да ја преземе улогата на стартен центар. Претстојната сезона ќе биде 19-та во неговата кариера за Хорфорд.

ПретходноСимоновски: Вардар е тим со квалитетни поединци, што пак за нас е дополнителен мотив!
Следно„Не правиме разлика меѓу противниците, секој меч одиме на три бода“