ФФМ донираше компјутерска опрема за основно училиште

67

Во насока на сериозната општествена одговорност која што Фудбалската Федерација на Македонија ја има, и со неа се носи на најпрофесионелн можен начин, денеска беше изведена акцијата за донирање на компјутерска опрема за основното училиште „Аврам Писевски“ во село Бардовци.

Оваа иницијатива е дел од заложбата за почитување на 4R принципот на УЕФА за циркуларна економија – Reduce, Reuse, Recycle, Recover, со што даваме нов живот на техничката опрема и истовремено придонесуваме за едукација и дигитална инклузија на младите генерации.

Цел на оваа иницијатива е заштита на животната средина преку реупотреба на функционални компјутери кои повеќе не се користат во нашите канцеларии, подобрување на условите за учење и дигитална писменост кај учениците во основното училиште и намалување на електронскиот отпад со поддршка на еколошки одржливи практики.

Веруваме дека секој чекор за заштита на животната средина има големо значење. Да бидеме тим и надвор од теренот. Да играме за иднината!

 

ПретходноПМФЛ полувреме: Башкими и Вардар со шанси но не и голови, мрежите мируваат и во Струга
СледноПрекин во Куманово: Навивач падна од трибината на терен