Чудо во Србија: По 4,5 години конечно некој се осмели да покаже црвен картон на фудбалер на Ц. Звезда!

184
ФОТО: FK Crvena Zvezda/FB

Ете, конечно и тоа се случи. Како што пренесува „Моцартспорт.рс“, вчера на натпреварот Ц.Звезда – Раднички Крагуевац, се случило нешто што се нема случено во Суперлигата кај нашиот северен сосед повеќе од 4,5 години. А тоа е дека конечно се најде некој судија да покаже црвен картон на фудбалер на Ц.Звезда и тоа по пауза од 4,5 години, како што веќе кажавме.

Судијата Стефан Јекниќ вчера сосема оправдано му покажа црвен картон, по интервенција на ВАР, на Бруно Дуарте во таа 44.минута.

Претходно последен пат играч на Ц.Звезда доби црвен картон на 3 март 2021 година кога бил исклучен Милан Гајиќ.

Делува несфатливо, сигурно ќе се запрашате па зарем е можно играчите на Ц. Звезда за овие изминати и повеќе од 4,5 години, да не направат фаул, да не направат било што за кое некој од нив би добил исклучувачки картон.

Е, па во Србија е можно кога станува збор за Ц. Звезда.

Јасно е дека некогашниот европски клуб е без конкуренција во својата земја. Има пари, има супер тим, постојано игра во групната фаза во ЛШ или ЛЕ, но да не добие црвен картон на меч од домашниот шампионат, тоа е несфатливо.

И во останатите земји државата си има свој миленик, најголемите клубови ја имаат помошта на судиите, но ова е премногу!

Цели 4,5 години без црвен картон!

ПретходноОкан Бурук: Мора да го „залепиме“ Ливерпул за ѕид
СледноШпанија е во тага: Почина 19-годишен голман!