Шпанија е во тага: Почина 19-годишен голман!

86
ФОТО: Instagram

Раул Рамирез, голманот на Колиндрес, почина утрово откако претрпе удар на натпреварот минатата сабота против Ревиља во Третата лига. 

Младиот 19-годишен голман на кантабрискиот тим беше примен на одделот за интензивна нега во болницата Валдесиља (Сантандер) откако претрпе повреда на главата што предизвика два кардиореспираторни застои, еден на теренот и друг додека беше на пат кон болницата.

Штом се случил ударот, тренерот на Колиндрес, Рафа де ла Пења, извршил реанимација, а еден навивач кој го гледал натпреварот на трибините се обидел да го оживее додека не пристигнала Брзата помош.

ПретходноЧудо во Србија: По 4,5 години конечно некој се осмели да покаже црвен картон на фудбалер на Ц. Звезда!
СледноУспешно реализиран претсезонскиот семинар за службени лица на МКФ