Јамал изведе потег и ги „полуде“ навивачите (ВИДЕО)

133
Фото: Screenshot: Arena Sport

Барселона го победи Реал Сосиедад со 2-1 дома во седмото коло од Ла Лига. Тимот на Ханси Флик стигна до 19 бода, еден повеќе од Реал Мадрид, кој загуби од Атлетико Мадрид овој викенд (5-2).

Ламине Јамал, 18-годишен крилен напаѓач и втор во пласманот за Златната топка, влезе во игра во 58-мата минута. За околу 30 минути на теренот, тој се обиде со пет дриблинзи, а три беа успешни. Тој направи вирален потег во 61. минута, кратко по влегувањето на теренот.

Ја прими топката од десната страна, брилијантно се сврте, а потоа атрактивно ја протна низ нозете на Серхио Гомез. Фантастичниот дриблинг беше објавен од официјалната веб-страница на Ла Лига, Bleacher Report и бројни фанови, а можете да го погледнете подолу.

 

ПретходноЈокиќ ги избегнуваше медиумите на Евробаскет, но сега нема каде: Го чека прашање тешко 80.000.000 долари!
СледноМаневски: Дома или гости, Вардар секогаш оди на победа!