Карвахал два меча „на ладење“, Симеоне се спаси само со еден

32
Фото: ФЦ Реал Мадрид/Твитер

Играчот на Реал Мадрид, Дани Карвахал ќе паузира два меча во Лигата на Шампионите откако во првото коло на дуелот против Олимпик Марсеј беше исклучен поради црвен картон.

Па така, десниот бек ќе го пропушти денешниот натпревар на гости против Каират и домашниот натпревар против Јувентус во следното коло на 22 октомври.

Од друга страна пак, УЕФА беше нешто поблага кон Диего Симеоне тренерот на Атлетико Мадрид кој што е казнет само со еден меч суспензија откако беше исклучен на дуелот против Ливерпул на гости кога неговиот тим загуби со 3:2.

 

ПретходноРоманија покажа што значи „сплотени за извонредност“
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Мартин Алаѓозовски (Брера Струмица)