Коментар на 8.коло: Силекс реди порази, Пелистер е со “пет од пет“, Работнички си тера по старо…

200
ФОТО: FK Sileks/FB

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Се чини дека првите осум кола дадоа одговори на неколку прашања.А тоа е дека Силекс, и покрај желбите и најавите од Кратово, не е тим со шампионски шмек, едноставно овој тим не е доволно квалитетен за да се бори со „аждајите“ како Вардар, Шкендија или Струга ТЛ.

Откако дојде до “пет од пет“ во првите пет кола, од кој еден меч со службени 3:0, и тоа со “лесни“ противници, составот на Александар Васоски наиде на проблеми кога почна да игра против поквалитетни тимови како Струга ТЛ, Башкими или Шкендија. Три порази во низа и сега се на -7 бодови во однос на лидерот Струга ТЛ.

Јасно е дека сеуште е рано, Силекс може да се врати, но таа е реалноста, овој Силекс нема сила за ништо повеќе од тоа 4.место.

Толку е силата.

Одговор имаме и дефинитивно дека трката по титулата ќе се води меѓу Струга ТЛ која сега е лидер, и секако Вардар и Шкендија, овие две екипи се со -2 бода во однос на лидерот.

Сега да погледнеме кон долниот дел на табелата. Веќе пет кола во низа Пелистер е со пораз. Некој на смеа ќе каже битолчани имаат “пет од пет“ во порази. Не оди па не оди во тимот на Капинковски. Вчера во Струга не издржа бункерот. Пелистер падна во финишот. Сега игра дома со Шкендија па потоа му гостува на Силекс. Значи лесно може да се случи Пелистер да има “седум од седум“ што ќе биде рамно на катастрофа, ако не е тоа и сега. Значи битолчани уриваат рекорди, ама негативни.

Работнички си тера по старо. Само што помисливме, по оние добри игри со Вардар и Шкендија, иако поразени, дека “Романтичарите“ конечно ќе почнат да играат како што треба, нов шок.

Пораз од Брера и тоа дома и тоа со 3:4. Овој пораз не смееше никако да им се случи. Овие мечеви не носат три бода, туку шест, посебно дома кога ќе загубиш.

Осум меча, шест порази и само една победи и едно реми. Откако во сезоната 1998/99 овој тим влезе во ПМФЛ, никогаш немал послаб старт, никогаш.

Од гигант спадна на тим кој сите си поигруваат со него.

Шкупи е тотално во „аут“, уште сега е испаднат, и ако се знае дека три екипи директно испаѓаат а уште две играат бараж за опстанок, ете ти го Работнички во најнезавидна ситуација во изминатите 26 години.

И не е за изненадување, посебно ако се знае како овој клуб реагираше во летниот преоден рок.

И на крајот за Башкими. Кумановци одиграа уште еден одличен меч,и тоа против Вардар на кој реално без блиску и до победата. Зицерот го имаше Симоновски, но Талески покажа зошто е голман бр.1 во редовите на нашиот најголем и најтрофеен клуб.

ПретходноУ18: Реми против Словачка на тестот во Братислава
СледноЕвролига: Партизан се „лизна“ на стартот, Хапоел ТА славеше над Барса