Вечерва се играат првите девет средби од 2.коло во Лигата на Шампионите. Секако дека ќе има интереси дуели, можеби нема дерби во класична смисла на зборот, но секој меч од ЛШ е вистинско доживување.
Така ќе биде и вечерва.
Во Казахстан, поточно во Алмати е фудбалски празник. Гостува Реал Мадрид, а цела земја веќе неколку дена е во еуфорија. Па не секој ден во Казахстан доаѓаат “кралевите“ на чело со Килијан Мбапе.
Жозе Мурињо повторно на “Стемфорд Бриџ“, но сега не како тренер на Челси, туку како стратег на Бенфика. Секако дека најомилениот стратег на “сините“ од Лондон и тоа како ќе биде топло пречекан од фановите.
Ливерпул гостува на Босфорот, во пеколот на Истанбул. Галатасарај се заканува, но Арне Слот и неговите момци знаат што треба да направат и што се очекува од нив.
Баерн Минхен гостува кај Пафос, Интер игра дома со Славија Прага, а во продолжение можете да ги видите сите двојки за вечерва:
ДЕНЕСКА 2.КОЛО
18:45 Ч
Аталанта – Бриж
Каират – Реал Мадрид
21:00 Ч
Атлетико Мадрид – Франкфурт
Бодо/Глимт – Тотенхем
Челси – Бенфика
Галатасарај – Ливерпул
Интер – Славија Прага
Марсеј – Ајакс
Пафос – Баерн Минхен