Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки повикани за подготовка и настап за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Германија и Словенија во рамки на Qualifiers for the WOMEN’S EHF EURO 2026 Phase1 and 2.
На него ја нема Јована Мицевска, нашиот прв чувар и тоа од оправдани причини.
Сениорките прво ќе оддиграат натпревар против селекцијата на Германија, во Гумерсбах во SCHWALBE Arena со почеток во 19:30 часот, а потоа следи натпреварот против селекцијата на Словенија во Битола со СС “Боро Чурлевски” на 19.10.2025 година со почеток во 18:00 часот.
Списокот на Грчевски: