Пред репрезентативната октомвриска пауза, останува да се одигра уште едно, и тоа 9.коло во ПМФЛ. Познати се и термините, односно распоредот на кога ќе играат сите шест средби.
Секако дека сите сме во очекување на мега – дербито меѓу Вардар и Струга ТЛ, дуелот меѓу двете екипи кои се на водечките места на табелата. Според распоредот на ФФМ, овој меч е закажан за в недела (05.10.2025) со почеток од 15 часот на Арената “Тодор Проески“.
Јасно е дека тој натпревар ќе биде многу важен, но не и решавачки во битката за титулата. Со победа Вардар ќе избие на чело на табелата, со победа пак на Струга ТЛ тогаш овој тим ќе му избега на Вардар цели пет бода.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ЗА 9.КОЛО
03.10.2025 (петок) – 15 ч
Македонија – Аресими
04.10.2025 (сабота) – 15 ч
Шкупи – Работнички
Брера – Башкими
05.10.2025 (недела) – 15 ч
Вардар – Струга ТЛ
Силекс – Тиквеш
06.10.2025 (понеделник) – 15 ч
Пелистер – Шкендија