Теренот на Градскиот стадион во Кавадарци е во фаза на реконструкција. Неговата состојба во моментов е солидна, но градските власти, во чија што сопственост е објектот секако одлучија да вложат нови средства и да го реконстртрукираат.
Секако, доаѓа есенскиот и зимскиот период кој што нормално не е најповолен за фудбалските терени, па во Кавадарци се прави се за да се обезбедат оптималните услови за ГФК Тиквеш за тековната ПМФЛ сезона.
Последно, Кавадарчани извојуваа победа над Македонија ЃП токму на домашен терен со конечни 2:1.