Алаѓозовски: Играчите ја прифатија мојата фудбалска филозофија

101

Од тим кој што едноставно сите го прежалија во првите неколку кола од новиот ПМФЛ шампионат, тимот на Брера со трите победи во последните четири мечеви не само што го покажа спротивното туку и докажа дека има капацитет и квалитет за многу повеќе.

Во „вртлогот“ на сменети тренери во Струмица во изминатиот период, спонтано редот да седне на тренерското столче му дојде и на Мартин Алаѓозовски. Млад стратег кој што се калеше во младинската школа на клубот, а ете за многу краток период доби шанси и во првиот тим.

„Имам голема чест и задоволство што играчите застанаа не само зад мене како човек и тренер, туку и како стратег чија шти фудбалска филозофија ја прифатија и применија на терен. Се создаде веднаш добра атмосфера во тимот. Со залагањето на тренинг на овие квалитетни момци, добрата игра и победите дојдоа самите по себе. Имаме квалитетен ростер. Ова се момци кои што се со статус на У19 и У21 репрезентативци. Дали прерано не отпишаа? Тоа е нечиво право, а наше право е да покажеме што можеме на терен. Брера сака и ќе игра секаде свој фудбал на секој терен. Дали на гости или пак дома против Башкими на пример каде што го играме следниот меч не е воопшто важно. Одиме на мегдан против секого, со ладна глава без залетување. Ова е рана фаза од шампионатот, одиме меч по меч“ – ни изјави Мартин Алаѓозовски, стратегот на Брера.

 

ПретходноСтруга ТЛ со Шкемби на клупата, си ГАЗИ!
СледноСе реконструира теренот во Кавадарци