Штета. Даниела Алексовска не успеа да се пласира во финалето на Светското ММА првенство кое се одржува во Тбилиси (Грузија). Македонската натпреварувачка утринава доживеа пораз во полуфиналето од Нармин Алијева од Узбекистан, поточно во втората рунда го предаде мечот.
Иако Алексовска беше поагресивна, зададе и неколку удари, сепак во одреден момент на оваа полуфинале мораше да го предаде мечот.
Па така Даниела Алексовски остана со бронзата од ова СП, што секако дека е голем успех ако се знае дека пред неколку месеци таа успеа да дојде до златото на ЕП во ММА.