Евролига: Партизан се „лизна“ на стартот, Хапоел ТА славеше над Барса

43
фото: KK Partizan Mozzart Bet (X)

Кошаркарите на Дубаи и Хапоел Тел Авив ја отворија новата сезона во најсилната европска кошаркарска конкуренција со вредни победи. Дубаи во својата арена успеа да го совлада белградски Партизан прилично лесно и со убедливи 89:76, а слично помина и екипата на Барселона на гостувањето во Софија, каде Хапоел ТА ја има улогата на домаќин оваа сезона во Евролигата. Израелците славеа против Каталонците со 103:87.

Партизан никако не успеа да најде решение за одлично рапсоложените домашни кошаркари, кои практично од првата до последната четвртина успеваа да одржат позитива. Можеби лошиот старт на момците на Обрадовиќ и беше пресуден, затоа што „црно-белите“ дозволија Дубаи по 10 минути да се одлепи на +10.

Бертранс со 20 поени ги предводеше домашните до победа, додека кај ПартизанЏонс постигна 13.

Во Софија, Хапоел покажа дека оваа сезона може да биде сериозна закана и за најголемите фаворити. Израелците предводени од извонредниот Блејкни кој средбата ја заврши со 20 постигнати коша дојдоа до висока победа над гигантот од Шпанија. Во редовите на Барселона денеска Клајбурн постигна 23 поени, но не успеа да најде начин да го спаси својот тим од пораз.

 

ПретходноКоментар на 8.коло: Силекс реди порази, Пелистер е со “пет од пет“, Работнички си тера по старо…
СледноХакими: Нуно Мендеш е најдобар лев бек во светот, знае што треба да прави со Јамал