И Црвена звезда поразена на стартот на Евролигата

29
фото: Olimpia Milano (X)

И кошаркарите на Црвена Звезда со пораз ја отворија новата евролигашка сезона. На домашен терен белграѓани беа поразени од Милано со 82:92 и исто како и својот лут градски ривал не успеаја да се израдуваат во премиерното коло од новата сезона.

ЛеДеј со 21 поен ги предводеше гостите до победа во Белград, додека кај екипата на Црвена Звезда најефикасен беше Нигериецот Нвора кој застана на 19 поени.

Анадолу Ефес успеа да слави на дуелот со Макаби ТА кој се одигра во Подгорица. иако Израелците долго време беа во водство, на крајот Турците славеа со 85:78. Вечерва победа прокнижија и кошаркарите на Панатинаикос, кои на домашен терен го совладаа Баерн со 87:79.

ПретходноКлоп: Се изначитав глупости, немам намера да се вратам како тренер
СледноЛШ: Галата го „тресна“ Ливерпул, Баерн и Атлетико испорачаа „петарди“ (ВИДЕО)