Играчот на Реал Мадрид, Дани Карвахал ќе паузира два меча во Лигата на Шампионите откако во првото коло на дуелот против Олимпик Марсеј беше исклучен поради црвен картон.
Па така, десниот бек ќе го пропушти денешниот натпревар на гости против Каират и домашниот натпревар против Јувентус во следното коло на 22 октомври.
Од друга страна пак, УЕФА беше нешто поблага кон Диего Симеоне тренерот на Атлетико Мадрид кој што е казнет само со еден меч суспензија откако беше исклучен на дуелот против Ливерпул на гости кога неговиот тим загуби со 3:2.