Поранешниот менаџер на Ливерпул и Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, нема намера да ја продолжи тренерската кариерата, но не ја исклучи можноста еден ден да се врати на теренот. Тој се повлече минатото лето за да го води фудбалскиот оддел во производителот на енергетски пијалоци „Ред Бул“, кој има клубови низ целиот свет.
На прашањето во интервју за „Атлетик“ дали е сигурен дека никогаш повеќе нема да биде тренер, Клоп одговори: „Тоа е она што го мислам во моментов, но никогаш не се знае што ќе се случи. Имам 58 години. Ако се вратам на 65 години, ќе ме потсетат на она што го кажав тогаш. Жал ми е, го мислев тоа 100% во моментот кога го кажав. Тоа е она што го мислам сега.“
За тоа дали му недистасува тренерската работа, Германецот вели:
„Не ми недостига ништо во тренерската работа. Имав долга кариера. Во историјата имало многу поуспешни луѓе од мене, но јас исто така успеав да освојам сè. Изгубив повеќе финалиња во Лигата на шампионите отколку што повеќето играчи некогаш играле“.