Турски Галатасарј го напрваи најголемото изненадување вечерва на стартот на 2. коло од Лигата на шампионите на УЕФА. На домашен терен, Галатасарај славеше со 1:0 против англискиот шампион Ливерпул, благодарфение на голот од пенал на Осимен во 16. минута на натпреварот. Иако Ливерпул имаше некаква привидна иницијатива, момците на Арне Слот одиграа уште еден лош натпревар и некако најавија дека клубот како да влегува во кризен период. Проблем плус за „црвените“ е и повредата на Алисон, кој мораше да ја напушти играта уште во 55. минута.
Челзи со автоголот на Риос успеа да ја совлада Бенфика предводена од некогашниот стратег на лондончани, Мурињо, кој вечерва беше на спротивната страна. Челзи имаше повеќе шанси, но не успеа да ја потврди победата и со втор гол.
Баерн (М) пратично и да немаше никакви проблеми за да ги освои бодовите на гостувањето на Кипар. Германскиот шампион го потопи Пафос совладувајќи го со 5:1. Хари Кејн постигна уште два нови гола за баварците, а покрај него во листата на стрелци се запишаа и Гереиро, Џексон и Олисе. Единствениот гол за Пафос беше дело на Оршиќ.
Олимпик (М) уште во првите минути на дуелот со Ајакс си ја обезбеди победата. Французите водеа со 3:0 по само 26 минути игра на Велодром. Игор Пашиао постигна два гола за 2:0, а потоа и Гринвуд за 3:0 на полувреме Во вториот дел Обамејанг ја запечати победата за 4:0.
Атлетико (М) по „петардата“ во голот на Реал (М), сега со пет гола го „почести“ и Ајнтрахт (Ф). Шпанците одиграа уште еден брилијантен меч во кој Распадори, ле Норман и Гризман обезбедија високи 3:0 на полувреме. Гостите намалија на 3:1 преку Букхарт, но следуваа уште два гола на Симеоне и Алварез за нов убедлив триумф на „јорганџиите“.
Интер со 3.0 беше подобар од Славија Прега. Серијата голови за „нероаѕурите“ ја отвори Лаутаро во 30. минута, четири минути по него Дамфрис зголеми на 2:0, а конечните 3:0 беа дело на Лаутаро во 65. минута.
Тотенхем успеа да се спаси од пораз на гостувањето во Норвешка кај Бодо. Домашните водеа и со 2:0, но во финишот со головите на Ван ден Вен и Ришарлисон, момците на Томас Франк извадија 2:2.