Не е тајна дека Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот на фудбалот. Речиси и да нема дете во светот кое тренира фудбал а да не посакува длабоко во себе еден ден да го облече “белиот“ дрес на најспектакуларниот клуб на сите времиња и да истрча на тревникот на велелепниот “Сантијаго Бернабеу“.
“Кралевите“ отсекогаш во своите редови имале фантастични фудбалери, мега – ѕвезди, така е и сега.
Тука се Мбапе, Белингем, Винисиус, Куртоа и уште многу…но нема меѓу нив играч кој ја освоил “Златната топка“. Ова се случува за првпат после 25 години, клубот да нема играч кој го освоил најпрестижното индивисуално фудбалско признание.
Да тргнеме по ред, од 2000 година па наваму. Тогаш во Реал Мадрид беа Назарио Роналдо, Фиго и Зидан, сите тие ја освојуваа „Златната топка“.
Потоа тука беше Канаваро, па пак Назарио Роналдо.
Во поново време во Реал играа и Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Лука Модриќ, кои ја освојувале “Златната топка“.
Со заминување на Хрватот, Реал остана без ниту еден играч со ова признание.