Серафимов дебитираше за Левски

49

Македонскиот интернационалец и репрезентативец, Никола Серафимов и официјално дебитираше за тимот на Левски. Стоперот му се приклучи на тимот од Софија доцна летово, и еве конечно денеска добива шанса за настап.

Тој се најде во стартниот тим на Левски на гостувањето кај Ботев Пловдив.

Со ова македонскиот пак национален тим решава уште еден проблем, поточно селекторот Благоја Милевски има што се вели една мака помалку. Се знае дека минутажата на нашите репрезентативци е „рак рана“ на нашиот национален тим и секоја минута на секој играч во на клупско ниво е драгоцена.

 

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 8.КОЛО: Малески ги расплака битолчани
СледноУ18: Реми против Словачка на тестот во Братислава