ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Мартин Алаѓозовски (Брера Струмица)

56

Сега веќе нема дилеми. Раководството на Брера Струмица и тоа како погоди за наследникот на Панче Стојанов, кој се повлече од местото тренер на струмичани. Него го наследи младиот Мартин Алаѓозовски (38), кој веднаш покажа како треба. Да се победи Работнички на Арената како гостин со 3:4 во фантастичен меч, претходно да се добие и Аресими на свој терен со 2:1 и со тие шест бода сега Брера да се наоѓа на 6.место со 11 бодови на табелата, секако дека не е мала работа.

И дефинитивно Алаѓозовски и неговиот тим има што да кажат во оваа сезона, не се предаваат така лесно.

Секако дека за тренер на колото кандидат беше и Јетон Беќири кој со својата Шкендија го доби дербито со Силекс. Секоја чест за Беќири, но овојпат предност доби Алаѓозовски и поради тоа дека сепак тимот на Брера го нема тој квалитет како оној на Шкендија.

ПретходноКарвахал два меча „на ладење“, Симеоне се спаси само со еден
СледноХанси Флик: Играме против најдобриот тим од минатата сезона