ФИФА со жестока казна за Србија!

144
ФОТО: FSS.RS

Лоши вести за фудбалска Србија. Иако се очекуваше казна од страна на ФИФА за се она што се случуваше на средбата со Англија на “Маракана“ во Белград, сепак ретко кој очекуваше дека ФИФА и тоа како ќе удри по Србија.

Имено за мечот со Албанија, во Лесковац кој се игра на 11 октомври, место 8.000 навивачи ќе има 20 насто помалку, или само 6.500. Исто така има и парична казна од 80.000 франци за ФСС за сите пропусти на дуелот со Англија минатиот месец.

Инаку не беше изненадување, ако се знае што се случува со месеци наназад во Србија, дека властите во таа земја место во Белград се одлучија мечот со Албанија, најважниот во квалификациите за СП 2026, да се игра во Лесковац пред далеку помал број на гледачи.

ПретходноЛШ: Лудило во Казахстан за гостувањето на Реал, Мурињо му гостува на “својот“ Челси, Ливерпул во истанбулскиот пекол
СледноСтруга ТЛ со Шкемби на клупата, си ГАЗИ!