Лига Конференции: Финци ќе и судат на Шкендија на “Ваљекас“

80
ФОТО: KF Shkendija/FB

Во четврток од 18:45 часот Шкендија ќе му гостува на Рајо Ваљекано во меч од 1.коло во Лигата на Конференции. Овој историски меч за нашиот шампион се игра на познатиот стадион „Ваљекас“, во едно од предградијата на Мадрид.

За овој меч одредени се и судиите, кој се од Финска.

Главен судија е Мохамед Ал-Емара, кој има 33 години и е роден во С. Арабија. Важи за еден од најдобрите судии во таа земја.

Ова лето судеше во квалификациите и плеј – офот во Лигата на Конференции, на средбите Шамрок – Балкани 4:0 и Хибернијан – Легија Варшава 1:2.

Неговите помошници, Турка Ваљака, Мика Лампу и Пеиман Симани исто така се од Финска.

Во ВАР собата ќе бидат Германците Роберт Шредер и Бенјамин Кортус.

ПретходноАлексовска поразена во полуфиналето на Светското ММА првенство!
СледноМакедонија без Мицевска против Германија и Словенија!