Светислав Пешиќ не е веќе селектор на Србија, на репрезентацијата која на последното ЕП доживеа дебакл и срамна елиминација во 1/8 финалето од Финска. Утринава медиумите во Србија наголемо пренесуваат дека се чека само официјализирање на името на неговиот наследник ако се знае дека КС на Србија со Пешиќ има договор кој истекува денеска на 30 септември 2025 година.
Од многу имиња кои беа споменувани во јавноста, се издвои она на Душан Алимпијевиќ.
Има само 39 години и е тренер на Бешикташ. Се воделе преговори во исто време да биде и селектор и тренер на турскиот гиган, а станува збор за еден од најталентираните српски тренери.
Се говори дека и Пешиќ инсистирал токму Алимпијевиќ да биде неговиот наследник.