Струга ТЛ со Шкемби на клупата, си ГАЗИ!

110
ФОТО: FC Struga/FB

Се разбира дека не е изненадување тоа што Струга ТЛ, инаку некогашен двоен шампион на Македонија, е прва со +2 бода во однос на Вардар и Шкендија, по првите 8 кола во ПМФЛ, туку изненадување е како тоа стружани играат.

Вообичаено е во фудбалот кога ќе дојде нов тренер, тимот да има извесен период на аклиматизација. Да се среди што би се рекло.

Но кога ќе дојде квалитетен тренер, а Бледи Шкемби се покажа досега како екстра квалитетен, тимот введнаш да почне да игра добро и да победува. Ова се виде уште на подготовките кога Струга ТЛ играше добро и имаше одлични резултати.

И сетоа тоа се “преслика“ во првенството каде некогашниот шампион со Бледи Шкемби, важи за еден од најдобрите тренери во Албанија, просто си ГАЗИ.

Осум меча, седум победи, едно реми и без пораз, со 20 постигнати голови и само три примени и со 22 бода е прв на табелата пред големите фаворити Вардар и Шкендија.

Тоа реми беше со Шкендија на свој терен, ама во самиот финиш на мечот на стружани им беа поништени два гола од страна на ВАР, секако исправно. Ова го потенцираме дека со малку среќа сега Струга ТЛ со Шкемби лесно можеа да имаат „осум од осум“.Ново е тоа што Струга ТЛ сега игра само на резултат, не “умира“ во убавина, владее строга дисциплина а стратегот Шкемби знае како треба. Тоа најубаво се виде на гостувањата во Куманово и Кратово каде Струга ТЛ постигна 8 голови прими само еден и ги декласира Башкими и Силекс на нивни терен. Компаоре просто “експлодира“, Шабани и Бојку дефинитивно се вратија, Радески пак е оној стариот, Малееки е супер – џокер, кај и да е ќе “проработи“ и Ивковиќ, одбраната е одлична, младите Хамза и Зенку блескаат а голманот Анџелети дава сигурност.

Секако дека нема еуфорија во Струга ТЛ, а зошто би имало кога е одиграна само 1/4 од сезоната.

Вистинскиот тест претстои допрва, и тоа уште во недела кога Струга ТЛ во мега – дербито ќе му гостува на Вардар.

РЕЗУЛТАТИТЕ НА СТРУГА ТЛ ДОСЕГА:

1.коло:Струга ТЛ – МЃП 2:0

2.коло:Аресими – Струга ТЛ 1:2

3.коло:Струга ТЛ – Работнички 2:0

4.коло:Башкими – Струга ТЛ 0:5

5.коло:Струга ТЛ – Тиквеш 3:0

6.коло:Струга ТЛ – Шкендија 1:1

7.коло:Силекс – Струга ТЛ 1:3

8.коло:Струга ТЛ – Пелистер 2:0

ПретходноФИФА со жестока казна за Србија!
СледноАлаѓозовски: Играчите ја прифатија мојата фудбалска филозофија