ТИМ И ИГРАЧ НА 8.КОЛО: Малески ги расплака битолчани

96

Се играше 85.минута на мечот Струга ТЛ – Пелистер, а резултатот беше 0:0. Домашните кои важеа за големи фаворити веќе почна да ги фаќа нервоза, гостите пак се надеваа дека ете конечно ќе ја прекинат лузерската серија. И тогаш Малески со гол донесе еуфорија кај Струга ТЛ за 1:0, а во судското продолжение со уште еден гол за 2:0, просто ги расплака битолчани.

Младиот напаѓач одигра нешто повеќе од 20 минути ама уште еднаш покажа дека е злато вреден за Струга ТЛ.

Покрај него во тимот на колото се и Талески (Вардар), Мелиќи, Вебстер и Ибраими (Шкендија), Наумчевски, Михаилов и Ндзенгуе (Брера), Личина (Башкими), Ивановски (Тиквеш) и Шефити (Аресими).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ХРИСТИЈАН МАЛЕСКИ

Тим: Струга ТЛ

Роден: 04.05.2002 во Струга

Кариера: Струга ТЛ, Брера, Тиквеш, Струга ТЛ

ПретходноАрсенал и официјално се пофали со новиот договор на Салиба
СледноСерафимов дебитираше за Левски