Ханси Флик: Играме против најдобриот тим од минатата сезона

29
ФОТО: FC Barselona/FB

Тренерот на Барселона, Ханси Флик на денешната официјална прес конференција пред утрешниот меч против актуелниот европски првак, тимот на ПСЖ кој е дел од новото коло во Лигата на Шампионите истакна дека неговиот состав се соочува со најдоброто во Европа во моментов.

„Играме против најдобриот тим од минатата година. Тие имаат одличен тренер чиј стил го обожавам. Навистина ми се допаѓа начинот на кој играат фудбал и како тренираат“, рече Флик. 

Во врска со повредите и влијанието што тие би можеле да го имаат врз планот за натпреварот, Флик рече: „Тоа е дел од нашата работа и мора да знаеме како да се справиме со тоа. Секој тренер сака сите негови играчи да бидат подготвени, а навивачите сакаат да ги видат најдобрите играчи на теренот“ – изјави Флик. 

 

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Мартин Алаѓозовски (Брера Струмица)
СледноФОТО НА КОЛОТО: Ѓоко и кога победува е намуртен!