Алисон нема да може против Челзи

38

Ајде што синоќа тимот на Ливерпул со минимални 1:0 загуби во ра,ките од второто коло од Лигата на Шампионите против Галатасарај на гостувањето во Истанбул, го загуби и првиот голман, Алисон.

Бразилецот се повреди и беше заменет од страна на резервата Мамардашвили.

Тоа значи дека Ливерпул ќе мора да настапи без него на саботното дерби против тимот на Челзи во рамките од новото коло од Премиер лигата.

„Никогаш не е позитивен знак кога играч мора да си замине вака. Алисон нема да може да игра во сабота“, изјави менаџерот Арне Слот по натпреварот во Турција. 

ПретходноЛиверпул не се откажува, му понуди нов договор на Конате
СледноМилевски утре го објавува списокот за Белгија и Казахстан