Доминантно издание на Алкалоид на дуелот против Прилеп, прв од петтото коло во Супер-лигата. Избраниците на Кирил Лазаров дојде до третата победа оваа сезона, откако на домашен терен славеа против Прилеп со убедливи 47-21.
Во составот на актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп не беше Иван Галевски, на негово место настапи Ѓорѓи Николовски, додека пак одмор доби Дамјан Митев и Улфар Тордарсон.
Емилијан Ѓорговски со осум гола од девет обиди беше прв стрелец, зад него беше Џонов со седум погодоци од исто толку обиди, по шест гола запишаа Ненад Костески и Михаил Ивановски. На другата страна по четири гола имаа Божидар Лековиќ и Денис Шабановиќ.
На домашениот тим му беше потребно малку време за да го наметне своето темпо, на стартот на 13-та минута поведе со 8-3 со голот на Ивановски, а веќе во 21-та минута поведе со двоцифрени 17-7. На одморот резултатот беше 23-10.
Прилеп немаше одговор за Алкалоид, кој пак на дело покажа зошто е класа за својот противник, го полнеше голот, за тоа говори и крајниот резултат и разликата од 25 гола.