Вардар vs Пелистер – Стара битка, ново поглавје!

87

Петтото коло во Супер-лигата е резервирано за дерби дуелот меѓу Вардар 1961 и Пелистер. Двата најголеми конкуренти за освојување на титулата првиот меч во шампионатот го играат денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот.

„Црвено-црните“ во оваа пресметка влегуваат како лидери, имаат осум бода, на четири меча запишаа четири победи, и засега се единствениот перфектен тим во Супер-лигата.

На другата страна пак Пелистер има три победи и едно реми, и бод помалку од својот противник. Па доколку сака да направи промена на табелата ќе мора да си оди со цел плен од Скопје.

Победите за битолчани во СЦ „Јане Сандански“ не се непознати. Пелистер на крајот на сезоната стави крај на една лоша традиција кога станува збор за мечевите на теренот на Вардар, победи среде Скопје – за нова шампионска титула.

„Црвено-црните“ од оваа средба имаат уште два порази од најголемиот ривал, на турнирот во Охрид и во Супер-Купот.

Како ќе заврши оваа пресметка и како ќе изгледа табелата останува да видиме вечерва.

Претходно Алкалоид е гостин на Прилеп (17 часот), Бутел Скопје го пречекува Пелистер 2, додека Пролет е домаќин на Куманово (и двата меча се во 18 часот), половина час подоцна ГРК Охрид го пречекува Тиквеш, а додека Струга дома игра против Радовиш, ова е дуел на два тима кои немаат освоено бодови.

СУПЕР МАШКА ЛИГА – КОЛО 5
01.10..2025 – СРЕДА
17:00 часот РК АЛКАЛОИД – РК ПРИЛЕП
18:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
18:00 часот РК ПРОЛЕТ 62 – МРК КУМАНОВО
18:30 часот ГРК ОХРИД – ГРК ТИКВЕШ 2014
19:00 часот РК СТРУГА – РК РАДОВИШ
19:00 часот РК ВАРДАР 1961 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – пренос во живо на МРТ
ПретходноМурињо повторно се жали на судењето: Челзи требаше да добие два црвени картони
Следно„Ѓоковиќ ќе игра активно уште најмалку две години“