Германците бараат ограничување на платите во европскиот фудбал по примерот на НБА

35

Претседателот на Баер Леверкузен, Фернандо Каро, предлага воведување ограничување на платите во меѓународниот фудбал за да се ограничи доминацијата на Премиер лигата на трансфер пазарот.

Финансискиот јаз меѓу Премиер лигата и остатокот од европскиот фудбал продолжува да расте, а Фернандо Каро смета дека сега е време да се направи нешто во врска со тоа.

Тој предлага воведување ограничување на платите исто како во НБА, за да се ограничи доминацијата на англиските клубови на трансфер пазарот. Шпанецот го изјави ова на конференција на Блумберг во Франкфурт.

„Премиер лигата се обидува да стане водечки производ во Европа – дури и поголем од Лигата на шампионите. Нормално сум против ваков вид регулатива, но во овој случај мислам дека мора да се бориме за тоа. Ова лето се обидовме да купиме играч, но на крајот дојде тим кој сега влезе во Премиер лигата и можеше да плати повеќе и да понуди повисока плата – иако ние сме меѓу четирите најдобри клубови во Германија. Премиер лигата има многу повеќе пари и ресурси од која било друга лига. Тоа не е фер. Воопшто не е“, вели шефот на Леверкузен.

Претходно„Ѓоковиќ ќе игра активно уште најмалку две години“
СледноФФМ почна со реконструција на терените на ТЦ „Петар Милошевски“ (ВИДЕО)