Слот по поразот во Истанбул: Не надмудрија, повторно разочарување

103
фото: Liverpool FC (Facebook)

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, на прес-конференцијата по мечот со Галатасарај во Лигата на шампионите не го криеше разочарувањето до поразот и настапот на неговиот тим.

„Повторно разочарување. Игравме сосема поинаку, и со и без топка, отколку против Кристал Палас. Игравме доста добро во првото полувреме и имавме одлична можност да поведеме со 1-0. Видов многу добри работи во првото полувреме, но многу помалку во второто. Се мачевме да најдеме ритам. Тие претворија 20% шанса во пенал и гол – многу паметно од нивна страна. Малите работи се тие што одлучуваат сè, исто како што направија минатата сезона. Не сме толку далеку од нивото на игра од минатата сезона. Понекогаш овие резултати се диктирани од распоредот, а натпреварот против Галатасарај беше навистина тежок“, изјави Холанѓанецот.

ПретходноЛШ: Галата го „тресна“ Ливерпул, Баерн и Атлетико испорачаа „петарди“ (ВИДЕО)
СледноФабио Канаваро ќе го води Узбекистан на Мундијалот 2026?