Легендарниот стадион во Сарагоса, Шпанија, La Romareda заминува во историјата, откако беше срушен за да биде изграден нов кој што ќе биде дел од Мундијалската кампања за 2030 година. Сарагоса е кандидат за еден од домаќините, па во таа насока е и изградбата на новиот стадион кој што ќе биде фантастично издание.
Стадионот беше стар 68. години и имаше 33.000 гледачи, сега е срамнет од земја, и во следните месеци ќе се стартува со изградбата.
Планирано е новиот објект да биде со капацитет од 42.500 гледачи.