Шкендија досега заработи 4,5 милиони евра, секоја победа во лигашката фаза во ЛК ќе носи плус 400.000 евра, а реми 133.000 евра!

218
ФОТО: KF Skendija/FB

Утре шампионот на Македонија испишува клупска историја. За првпат ќе игра во групната или по ново лигашката фаза во Лигата на Конференции. Шкендија во рамките на 1.коло во ЛК му гостува на Рајо Ваљекано на стадионот “Ваљекас“ во Мадрид.

Ждрепката така сакаше, а потоа ќе игра и со Шелбурн (дома), Јагелонија (дома), Дрита (гости), Слован Братислава (дома) и на крај со АЕК Ларнака (гости).

Кога сме кај заработката од досегашните настапи на Шкендија оваа сезона во Европа во квалификациите во ЛШ и ЛЕ, тетовци имаат заработено 4,5 милиони евра, тука се смета и пласманот во лигашката фаза во ЛК.

Сепак овие 4,5 милиони можат да се зголемат, ако се знае дека за секоја победа во лигашката фаза ќе добијат по 400.000 евра а за секое реми по 133.000 евра.

Токму затоа фудбалот е голем бизнис, ако се вложи може да се врати неколкукратно.

ПретходноШкупи како домаќин ќе го пречека Работнички во Струга
СледноДобри вести од Баселона, Алехандро Балде во комбинација за мечот со ПСЖ