Македонскиот шампион Шкендија пристигна во Мадрид, каде утре и офцијално ќе ги започне настапите во лигашката фаза од Конференциската лига. Тетовци дебитираат во главната рунда на едно европско клупско натпреварување и тоа со гостински меч против еден од најсилните ривали кои ги добија, шпански Рајо Ваљекано.
Момците на Јетон Беќири се надеваат на добра партија во Ваљекас утревечер од 18.45 часот.