Утре од 18:45 часот на стадионот „Ваљекас“ во Мадрид, Шкендија ќе му гостува на Рајо Ваљекано во првиот меч од лигашката фаза во Лигата на Конференции. Ова ќе биде историски меч за нашиот шампион.
Јасно е кој е фаворит, каде е квалитетот, но од таборот на Шкендија изјавуваат дека тимот ќе го даде својот максимум со цел во добро светло да се претстават на големата сцена.
На вечерашниот прес, свој коментар имаа тренерот Јетон Беќири и капитенот Бесарт Ибраими:
„Ова е важен натпревар за нас како клуб, како технички персонал, како фудбалерите и за сите други кои се вклучени во клубот бидејќи е историски во однос на нашето деби во Конференциската лига. Исто така е извонредно што ќе играме против тим од многу почитувано првенств. Не би било коректно да се избере играч на Рајо Ваљекано, бидејќи има многу квалитетни играчи и би сакал да ги почитувам сите. За нас е важно да одиграме добро, да се обидеме да го дадеме најдоброто од себе. Вистина е дека не сме се соочиле со тимови од ова ниво, од оваа лига како Ла Лига, која мислам дека е најсилното првенство во светот. Исто така, голема почит за мојот колега од Рајо Ваљекано за кој се зборува како за исклучително добар тренер. За нас е важно да го почитуваме дресот што го носиме, да го почитуваме клубот и да се обидеме да го дадеме најдоброто од себе.Мислам дека Рајо е голем фаворит на хартија во однос на утрешниот натпревар, додека ние мора да бидеме достоен противник за да дадеме се од себе“ истакна Беќири.
Во сличен стил продолжи и капитенот Ибраими:
„Ова е историски натпревар за сите нас. Задоволни сме што стигнавме до тука, подготвени сме да дадеме се од себе, знаеме против каков противник играме утре. Го цениме, наше е да излеземе на теренот, да дадеме се од себе и да се надеваме дека во фудбалот не секогаш победува најдобриот. Знаеме дека Рајо Ваљекано е фаворит во утрешниот натпревар. Речиси секоја недела ја гледаме Ла Лига, ги гледаме големите тимови, тие играле со тимови како Барселона, Реал Мадрид, па ги познаваме и сме горди што играме ваков тип на натпревар со тимови што ги гледаме против Реал Мадрид или Барселона, но нашето е пред сè да излеземе и да го дадеме најдоброто од себе“ заклучи капитенот на Шкендија.