Мечот меѓу Вардар 1961 и Пелистер е прекинат во 23-та минута при резултат 13-11. На теренот настана хаос откако влегоа навивачите на гостинскиот тим, почнаа да летаат предмети на теренот, беа запалени бакљи…
Ракометарите на двата тима веднаш притрчаа кон своите фанови да ги смират бидејќи никој не сака овој ракометен празник да премине во катастрофа.