Милевски утре го објавува списокот за Белгија и Казахстан

93

На официјална прес конференција утре, точно во 12:30 часот, селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски ќе го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за претстојните квалификациски мечеви против Белгија на 10 октомври односно Казахстан три дена подоцна.

Првиот дуел секако го играме на гости, на Планет груп Арената во Гент, а потоа доаѓаме во Скопје да ги одмериме силите со Казахстан.

Ова се двата клучни дуели за нашиот национален тим кој што во моментов е лидер на табелата во Мундијалските квалификации со единаесет бодови од пет одиграни мечеви.

Не се најавени никакви поголеми измени во стандардниот состав на Македонија кој што го понесе товарот на тековните квалификации.

 

ПретходноАлисон нема да може против Челзи
СледноСрушен легендарниот стадион во Шпанија (ВИДЕО)