Полувреме: Барса – ПСЖ 1:1, Наполи со водство ама Елмас е на клупа, Халанд со нови голови за Сити!

21
ФОТО: FC Barselona/X

Завршија првите полувремиња од седумте меча во вечерашниот термин од 21 часот во ЛШ од 2.коло. Спектаклот на “Монжуик“ во кој среќаваат Барселона и ПСЖ, по првите дел е 1:1. Поведе Барса со голот на Феран Торес во 19.минута, за да потоа после 25 минута ПСЖ заигра многу подобро, иако без неколкумина стандарни првотимци, а младиот Мајулу во 38.минута со убав гол израмни на 1:1.

Наполи има водство против Спортинг со 1:0, но Елмас е на клупа. Манчестер Сити води со 1:2 кај Монако со двата гола на Халанд. Води и Дортмунд со 1:0 против Билбао, како и Арсенал со Олимпијакос со 1:0, додека Јуве губи кај Виљареал со 1:0.

ПретходноМилош Валах – Џентлмен, немилосрден херој на Вардар и кошмар за Пелистер (ВИДЕО+ФОТО)
СледноКузмановски: Вардар не нè изненади со ништо, самите сме виновни за поразот