Фабио Канаваро ќе го води Узбекистан на Мундијалот 2026?

26

Италијанскиот стратег Фабио Канаваро доби нова тренерска понуда. Според Фабрицио Романо, поранешниот тренер на Динамо Загреб би можел да ја преземе репрезентацијата на Узбекистан, со која преговорите веќе се започнати.

Последната работа на Канаваро беше во Динамо, кој го презеде за време на зимската пауза минатата сезона. Тој остана на клупата до април, кога беше отпуштен по 14 натпревари со резултат од седум победи, два нерешени резултати и пет порази.

Узбекистан веќе го обезбеди својот прв настап на Светското првенство во 2026 година и е во потрага по нов селектор откако Сречко Катанец се повлече во јануари поради здравствени проблеми. Медиумите објавија дека словенечката легенда боледува од рак. Славен Билиќ исто така се споменува како кандидат, но Канаваро е моментално првата опција.

ПретходноСлот по поразот во Истанбул: Не надмудрија, повторно разочарување
СледноШкендија пристигна во Мадрид: Позитивна атмосфера пред дуелот со Рајо (ВИДЕО)