Вечерва со трите последни меча се заокружи првото коло од новата сезона во Евролигата. Фенербахче на свој терен со 96:77 го победи Париз. Сосема добра игра на турскиот гигант иако најавите беа дека за разлика од лани, првакот е ослабен.
Хал со 22 поени беше најефикасен кај домашните, додека Фили со 24 поени кај гостите и воедно на натпреварот.
Жалгирис како гостин славеше кај Монако со 84:89. Литванскиот тим подобро го отвори мечот, на пауза замина со +10 поени. Домашните во продолжение од мечот се обиде да дојде до пресврт, ја намали разликата но сепак доживеа пораз.
И во последниот меч Асвел на свој терен беше поразен од Валенсија со 77:80.