Иван Чупиќ ја запиша првата победа против Пелистер како тренер. Предводникот на „црвено-црните“ и неговите момци славеа на големото дерби со 31-28 и дојдоа до петтата победа во исто толку одиграни мечеви во Супер-лигата.
Некогашниот играч на Вардар, а сегашен тренер им се заблагодари на момците за одличната игра.
„Ова е мое прво дерби во „Јане Сандански“, но не победив јас туку овие момци во соблекувалната, сакам да им се заблагодарам за желбата, за залагањето. Вечерва победи вардаровото срце, во оваа полна сала, честитки до момците за оваа петта победа од стартот на сезонава. Тоа е тоа, сега малце да се провеселиме, а за три дена пред нас е нов натпревар. Како што кажав и сто пати досега – трката за титулата е маратон, оваа победа над Пелистер значи само два бода, ни повеќе ни помалку. Супер што победивме, имаме „пет од пет“ на стартот од сезоната, но ќе продолжиме да работиме за да напредуваме уште повеќе.“, рече Чупиќ и продолжи: