„Ѓоковиќ ќе игра активно уште најмалку две години“

19
фото: Wimbledon (X)

Поранешниот трикратен освојувач на Грен слем турнирите, Марк Ноулс,кој сега работи како тренер на Џесика Пегула, е уверен дека Новак Ѓоковиќ ќе игра уште најмалку две години.

„Она што го слушнав е дека Ѓоковиќ планира да игра во 2026 и 2027 година – изјави Ноулс во подкастот „Inside Out“. – Очигледно е дека воопшто не размислува за пензионирање. Тој сака предизвици и продолжува да верува во себе“, вели Ноулс.

Ѓоковиќ вчера пристигна во Шангај за да учествува на Мастерс 1000, неговиот прв турнир кој не е Грен слем од мај, кога ја освои својата 100-та титула во Женева. Одлуката на српскиот ас да игра во Кина е јасен знак дека неговото пензионирање не е на повидок.

ПретходноВардар vs Пелистер – Стара битка, ново поглавје!
СледноГерманците бараат ограничување на платите во европскиот фудбал по примерот на НБА