Тетовскиот стадион ќе чини 10.000.000 евра и го гради „газдата“ на Шкендија

752

Пред неколку месеци почна изградната на новиот стадион во Тетово кој треба да биде готов во текот на 2026 година со што овој град ќе добие модерен фудбалски објект со потребните сертификати за одигрување на меѓународни натпревари. Познато е дека градежните зафати се во полн ек, срушени се трите помали трибини а веќе никнуваат и столбовите од новите трибини. Шкендија во моментов ги игра натпреварите на овој стадион со тоа што се користи само големата трибина која ќе биде срушена откако ќе се изградата останатите две.

Она што стана јасно деновиве е тоа дека проектот кој е одобрен од град Тетово е во висина од 10.000.000 евра, а одредени медиуми деновиве се прашуваат како е можно тендерот за овој објект да биде доделен на експресен начин и тоа на фирмата „Е-Проперт“ која е сестринска фирма на “Еколог“ а тоа е фирмата сопственик и на ФК Шкендија.

Познато е дека сега веќе стариот стадион во Тетово беше пуштен во употреба во 1981 година и тој беше во сопственост на ФК Тетекс а со текот на годините општината го превзема стопанисувањето со истиот.

Она што е добро е тоа дека и овој град ќе има современ стадион на кој Шкендија ќе може да ги игра своите натпревари од меѓународната сцена но истото треба да важи и за ФК Тетекс но и за женскиот тим на Љуботен кој со години е најдобар во земјава.

Сега е веќе јансо дека за сумата од 10.000.000 евра фирмата на Љазим Дестани го гради новиот модерен стадион кој ќе е со капацитет од 12.000 гледачи.

ПретходноАлкалоид како „фурија“ – го победи Прилеп со 26 гола разлика!
СледноНе е крај: Пешиќ сепак останува во репрезентацијата на Србија