Убава е е фудбалската приказна од Валандово, градот на калинките и екипата на Победа која се натпреварува во Трета Лига Исток. Во текот на денот до нашата редакција пристигна интересна фотографија на која се гледа во каква состојба бил теренот на стадионот во Валандово пред две години и сега. Од место каде паселе овци до убав терен, покриен со убава и рамна трева на кој се игра фудбал.
„Победа се надева дека ќе се врати во Втората лига. Имаме добра екипа, имама полн стадион со околу 1.000 навивачи на секој натпревар… имаме амбиции и желба за фудбал во нашата општина. Го вративме фудбалот во живот но и клубот. Пред скоро на стадионот пасеа овци, а еве сега имаме убав терен на кој се игра фудбал и трибини кои се полни. Оформена е и општинска лига…“, е коментарот на Сашко Бајлозов еден од иницијаторите за квалитетен фудбал во Валандово и силна Победа.
Клубот фунционира без поддршка од локалната самоуправа која со години има кренато раце од клубот, но интересно е тоа што актуелниот градоначалник сега во својата програма најавува модернизација на стадионот, а во изминатите 8 години го има заборавено и клубот и фудбалот во оваа Општина.
Откако валандовчани почнаа да ги полнат трибините и да навиваат за својот клуб, следува и будење на актуелното градско раководство кое сега пред избвори сака да се бори за гласови иако веќе е доцна а клубот и фудбалот функционираат без нивната помош.