И ова дерби меѓу Вардар 1961 и Пелистер не мина без скандали. Прво мечот беше прекинат после влегувањето на „Чкембари“ во СЦ „Јане Сандански“, откако битолчани фрлија со бакљи кон домашните фанови. На голема среќа ситуацијата се смири за шест минути.
После завршување на натпреварот пред влезот во соблекувалната ракометарите на Пелистер биле нападнати од фановите на Вардар 1961. Од видеото кое беше споделено на Фејсбук страницата на „И моето дете ќе навива за Пелистер“ може да се види како лица кои не се обезбедување влегуваат во клинч со играчите на актуелниот македонски првак.
Ова е срам за ракометот и голем пораз, без разлика на големиот ривалитет вакви работи не треба да се случуваат. Вардар повторно потфрли со организацијата на мечот.